Трофеј тура со највредните фудбалски трофеи

Во пресрет на најголемиот спортски настан во историјата на Македонија, финалето на Европскиот Супер Куп меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, фудбалските фанови во Македонија ќе имаат прилика да се сликаат со највредните фудбалски пехари – Лига на Шампионите, Европска лига и Супер Куп.

На 1 август трите трофеи ќе бидат изложени во Тетово од 09.00 до 11.00 часот, а истиот ден можност да се фотографираат со пехарите од Лига на Шампиони, Европската лига и Супер Куп на УЕФА ќе имаат граѓаните на Охрид, како и туристите кои ќе бидат во посета на градот.

На 2 август, големиот македонски празник Илинден, трофеите ќе бидат во Битола од 10.00 до 12.00 часот и во Прилеп од 18.00 до 20.00 часот.

На 3 август во Неготино од 10.00 до 12.00 часот и во Струмица од 18.00 до 20.00 часот.

На 4 август во Штип од 10.00 до 12.00 часот и во Куманово од 18.00 до 20.00 часот.

На плоштадот „Македонија” во Скопје, големите трофеи на УЕФА ќе бидат изложени на 7. (11.00 до 19.00) и 8. август од 11.00 до 16.00 часот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија