ОДИМЕ НА ЗЛАТО - ЦУБАЛЕВСКИ ГИ ПРЕДВОДИ СТОЈАНОСКИ, РЕЏИЌ, ФИЛИПОВСКИ И СТОЈАНОВИЌ НА ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО БОКС

„Универзалци” атакуваат на државното првенство на Македонија во бокс

Викендов ќе се одржи 24 -то поединечно државно првенство во бокс. Искусниот, меѓународно лиценциран боксерски тренер Васко Цубалевски на ова првенство ќе атакува со државните прваци на Република Македонија: Марко Стојаноски и Давуд Реџиќ, а оваа година боите на боксерскиот клуб „Универзалци” како дополнително засилување ќе ги бранат и Филип Филиповски и Андреј Стојановиќ.

Тренерот на „Универзалци” ветува фер и жестоки борби од неговите шампиони. Во кампот за припреми за ова државно првенство боксерите ги совладаа сите препреки дадени од својот тренер. Цубалевски очекува 4 злата од неговите боксери. Одиме на победа !!!