ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2017

Охриѓани „Бронзени“ на III фудбалски турнир ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2017

Заврши уште едно издание на традиционалниот фудбалски турнир за млади категории ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2017 што веќе трета година по ред го организира нашиот фудбалски клуб. Речиси половина месец, на СРЦ Билјани извори во Охрид наши гости беа повеќе фудбалски клубови од различни места од нашата земја кои беа дел од овој турнир. Следевме исклучително квалитетни натпревари во повеќе возрасни категории и имавме можност како фудбалски клуб да дадеме свој придонес кон развојот на младите, спортот, фудбалот и туризмот во нашиот град.

Најуспешна генерација во овогодинешното издание ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ беше У-13 (2004( која освои бронзен медал во исклучително силна конкуренција. Нашите момци со две победи во групата над Топ гол Битола и Тотал фудбал Ресен и еден пораз од Њу Старс Скопје обезбеди пласман во полуфинале кое го загубивме од битолски ЛГ. Малото финале со Велешта го добивме со 3:0 и со заслужено освоен медал и пехар го завршивме турнирот. Мора да истакнеме дека двајцата најдобри стрелци во оваа генерација на овогодинешниот турнир беа од нашата екипа и награди за тоа добија Михаил Цикуроски и Мухамед Јахја Шкор.

Исклучителна пофалба заслужуваат и генерација 2006 и 2008 кои исто така играа на турнирот и кои на сите одиграни натпревари немаа ниту еден пораз. Двете екипи натпреварите во групи ги завршија со по една победа и нерешени резултати на останатите мечеви, со што обезбедија пласман во елиминациските натпревари. Генерација 2008 ги совлада Смилковци и играше нерешно со Караорман, а генерација 2006 беа подобри од Тотал фудбал Ресен, а играа нерешено со Спортефе Скопје и Смилковци. Во елиминацискиот дел, иако двете екипи доминираа во натпреварите, накрај немаа среќа на изведувањето пенали и тоа ген. 2008 со Њу старс, а ген. 200 со Неготино. Во малото финале играше генерација 2006 која повторно во еден добар натпревар не ги искористи своите шанси и повторно немаа среќа во пенал рулетот.

Мора да им се честита на сите наши фудбалери што играа на овој турнир за нивното големо спортско срце. Иако некомплетни, играа за своите другари, за својот клуб и постигнаа резултати за почитување. Благодариме момци за вашата игра, вашето залагање и најмногу од се за вашето однесување. Вие сте нашата гордост.

Се разбира, должна благодарност и кон сите оние што помогнаа да имаме уште едно успешно издание на ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2017. Посебна благодарност до Д-р Сашо Стоев кој се погрижи сите учесници на турнирот да имаат медицинска грижа во текот на натпреварите. Плажа и бар Куба либре Охрид кои обезбедија 500 литри вода пиење за младите фудбалерчина. Тука се и пекара „Wake and bake” која е традиционален помагател на турнирот, Пупе компани од Охрид и Скопска пивара Охрид. Голема благодарност и до вработените на СРЦ Билјанини извори кои несебично помогнаа во организација на турнирот и овозможија и оваа година да имаме уште едно успешно издание. Благодарност и до сите волонтери што оваа година беа постојано со нас и дадоа свој придонес во успешната организација.

Резултатите од сите натпревар и целосната галерија со слики може да ги погледнете на ТРОЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2017.

Автор

FK OHRID TOP TIM

Охрид

Македонија