Мечувалците Стојановиќ и Анастасов со бронза закитени во Чиавари

Во периодот од 25-28 Мај 2017 год, во Чиавари Италија се одржа 14 Европско првенство во мечување во мастерс категорија.

На овој настан земаа учество 1400 натпреварувачи во сите категории и во сите три оружја: меч, флорет и сабја во машка и женска конкуренција. Нашите мечувалци членови на мечувалечки клуб Вардар, Стојановиќ Зоран и Анастасов Александар, направија извонредни резултати, освојувајќи три бронзени медали. Анастасов Александар освои две бронзени медали, и тоа во дисциплините сабја и меч. Стојановиќ Зоран во дисциплината меч во конкуренција од 114 натпреварувачи, освои бронзена медаља. Ова се резултати за посебен респект, бидејќи конкуренцијата беше огромна, а нашите се изборија за медаљи и застанаа на пиедестал, рамо до рамо со европската елита во мечување. Се надеваме дека овој резултат ќе биде поттик и за нашите помлади натпреварувачи.

Со гордост можеме да кажеме дека мечувањето е еден од ретките спортови во светски рамки, кое обрнува големо внимание на ветеранскиот спорт, за кој секоја година организира европски и светски натпревари, а бројот на учесници е повеќе од респектабилен. Како куриозитет за крај, оваа година пехарот за најстар учесник и беше доделен на мечувалка од Велика Британија која има 89 год.