Интерен турнир: Сам против себе!

На 21.05.2017 (недела) со почеток во 9 часот се одржа првиот интерен турнир за членовите на Nagomy fitness. Целта на овој турнир беше да се мотивираат самите натпреварувачи да ја поминат границата на комфорната зона и да видат дека се способни за многу повеќе.

Натпреварувањето беше индивидуално и организирано во heat-ови. Три евента со три вежби кои беа предизвикувачки за самите натпреварувачи.
Турнирот за членовите на функционален фитнес помина во најдобар ред. Имаше мотивирачка и одлична атмосфера. Благодариме на Prote.in Skopje и Ladna кои беа дел од турнирот со вкусни оброци и вода и сокови.
Победници на овој турнир се Раде Јакимовски и Симона Вељановска. Од тимот на Нагоми ќе бидат наградени со бесплатен месец за тренинрање. Честитки и на двајцата.

Се заблагодаруваме на сите што земаа учество на овој турнир, но и на сите кои дадоа поддршка на натпреварувачите