Цела шведска природа оди на AirBnB – бесплатно се разбира
Како дел од најновата (Дан требит смештај?) кампања за привлекување туристи, Шведска го стави целиот јавен простор и природа на AirBnb огласување откаде можете бесплатно да си „букирате” спиење кај што сакате. Зборувајте ни за туризам…
Allemansrätten е шведски израз кој означува „слобода на скитање” – право заштитено со закон кое дозволува секој човек да биде слободен и да ужива во шведската природа – да шета, спие, вози велосипед, јаде и одмара буквално каде што сака, надвор од приватните поседи на граѓаните кои живеат таму.
Единствено што не смее да се наруши и наштети е природата, флората и фауната и секако да не се наруши уживањето на другите луѓе во близина. Според ова, сите туристи имаат право да:
- Пристапат кон било која земја надвор од приватните поседи (до 70 метри од живеалишта и обработливи земјишта)
- Можеш да поставиш шатор кај сакаш
- Дозволено е палење на огниште
- Смееш да собираш цвеќиња, чаеви, печурки и бобинки
- Да пливаш во езера
- Да ги користиш плажите (освен оние кои се приватни)
- Да ловиш риба во некое од петте големи езера долж нивните цели брегови линии.
Информирајте се за следниве работи тука