Ред Фокс МК тим – Успешно искачен Елбрус како аклиматизација

Четворочлениот македонски тим составен од Александар Кирковски, Кирил Филиповски, Марјан Бонев и Дејан Тодевски кои моментално се во фаза на подготовки за една од потешките трки во Европа – Ред Фокс Елбрус, успеаја успешно да се искачат на врвот Елбрус како дел од аклиматизационата фаза. 

Вчера на 01.05.2017 екипата успешно го искачи највисокиот врв на Европа како дел од припремите кои претстојат за квалификациите и главната трка овој викенд. Екипата замина за Кавказ на 29.04.2017, а квалификационата трка (Вертикален километар) е закажана за 05.05.2017, после што следи и главниот настан со старт во 06:30 часот по локално време на 07.05.2017. 

Главната трка е со должина од 12 километри во кои се совладуваат тешки 3300 метри висинска разлика со старт од 2350 мнв и финиш на самиот западен врв на Елбрус – 5642 мнв. 

Аклиматизационото искачување започна во 02:47 часот од 3700 мнв, а момците успеаја да стапнат на врвот во 10:45. 

Им посакуваме одлични услови за време на следните предизвици. 

Бидете во тек со македонскиот тим на нашата веб страна. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија