CoQ10 – Поддршка за здрав срцев мускул и повеќе енергија за организмот

Што е CoQ10?

Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја жива клетка. Како природна состојка присутен е во секоја телесна клетка и е неопходен за производството на енергија во сите клетки на организмот. Поради тоа во стручната литература го носи називот убикинон (ubiquitus – секаде присутен). Кога снабдувањето со CoQ10 е ниско, клетките стануваат неефикасни и ранливи, имунолошкиот систем слабее, организмот ја губи способноста за борба против инфекции и болести, чувствителноста на одредени здравствени нарушувања се зголемува, започнува процес на предвремено стареење и срцето слабее. 

CoQ10 во организмот 

Највисоки нивоа на CoQ10 се најдени во ткивата во органите кои работат најнапорно, како срцето, црниот дроб, бубрезите и  панкреасот. Тој овозможува настанување на енергија во клетките на тие органи, па нивната способност да ги обавуваат своите физиолошки задачи зависи од доволната количина на CoQ10. Со стареењто телото ја губи способноста за синтеза на потребните количини на CoQ10 и производство се смалува дури за 80%. Исто така, едноличната исхрана, изложеноста на стрес, разни болести и земањето на некои лекови, создаваат потреба за надополна на CoQ10 во секојдневната исхрана. 

Која храна содржи CoQ10?

CoQ10 се наоѓа во храната, особено во рибата, во месото, и мали количини во оревите. Има малку или воопшто во житото, зеленчукот или овошјето. Според тоа, некои вегетеријанци може да не добиваат соодветни количини од овој нутриент. Прехранбениот внес на CoQ10 е околу 2 до 5 mg дневно. Изворите на исхрана не обезбедуваат доволни количини на овој нутриент.

CoQ10 и здравјето на срцето

Срцето е еден од најметаболички активните органи во организмот. Тој пумпа кислород и нутриенти до сите делови на телото повеќе од 100.000 пати дневно и 36 милиони пати годишно. Во здрав организам, концентрациите на CoQ10 во ткивото се многу високи во срцето. Кога CoQ10 е обилно присутен, нутриентот му помага на срцето да работи повеќе додека троши помалку енергија. Резултатот е посилно, помладо срце. Ниските нивоа на CoQ10 во ткивото и крвта се придружени со широк спектар на срцеви и васкуларни проблеми: висок крвен притисок, конгестивна срцева мана, коронарно артериска болест, аритмија и болест на срцевиот залисток. Важно е да се нагласи дека многу лекови за намалување на холестеролот, всушност ги трошат (исцрпуваат) виталните залихи на CoQ10 во крвта и срцето.

Најважната примена на CoQ10 е поврзана со третман и превенција на крвните садови и со нив поврзаните болести, вклучувајќи ги болестите на срцето и атеросклерозата. Ја спречува оксидацијата на LDL холестеролот со што го намалува ризикот за формирање на наслаги во артериите и нивно оштетување. Студиите сугерираат дека CoQ10 може да ја намали честата појавата на ангина, дека го зајакнува срцевиот мускул и позитивно влијае на квалитетот и должината на животот на лицата со срцеви тегоби. Кај лица со висок крвен притисок успева да го намали. 

Неговиот додаток во стандардната терапија ги подобрува функционалните и хемодинамските параметри на работата на срцето, ја зголемува физичката способност, ја смалува зачестеноста на појава на компликација и го смалува бројот на лекови кои се користат во стандардната терапија.

CoQ10 полезности

– Го потикнува создавањето енергија во организмот

– Го зајакнува имунолошкиот систем (го ревитализира и учествува во одбраната од инфекции)

– Антиоксидант (ги неутрализира слободните радикали и природно го успорува процесот на стареење)

– Ја зголемува силата и физичката енергија, што е од извонредна важност кај активните спортисти

– Ја намалува болката, крварењето и инфекциите кај непцата, го забрзува оздравувањето после орална операција и помага за одржување на здрави непца и заби

– Ги штити нервите и се употребува во третманот на многу пореметувања, како Алцхајмерова, Паркинсонова и Хантигтонова болест и мултиплекс склероза

– За третман на заболени од рак и пациенти кои примаат хемотерапија

– Помага да се стабилизира нивото на шеќер во крвта кај луѓето со дијабетис 

– Против синдромот на хроничен замор и слабата циркулација во екстремитетите

NOW CoQ10 е: 


– 100% комплетно природна форма на CoQ10 

– Анализиран за моќност и чистина 

– Најдобро продаван бренд во САД

CoQ10 е сигурен и нема никакви споредни ефекти. 

Автор

Trimeks

Скопје

Македонија