Научно докажано: Трчањето додава 7 часа повеќе живот

Трчањето е едноставен и ефикасен тренинг, сè што ви треба е само добар пар патики. Се покажа дека трчањето може да го намали ризикот од болести на срцето и канцер, да ја држи тежината под контрола и да го регулира крвниот притисок.

 

Eдна скоро објавена студија покажа дека луѓето кои трчаат редовно живеат три години подолго од оние кои не ја практикуваат оваа активност.

Научните истражувачи кои направиле и претходно истражување за здравствените придобивки од трчањето, одлучија да испитаат дали и други форми на вежбање, како што се одењето или возењето велосипед, ги обезбедуваат истите бенефиции или пак тркачите сепак имаат посебна предност.

Тие откриле дека овие форми на вежбање имаат некаква врска со долговечноста, но не на исто ниво како и трчањето. Од спроведените студии, експертите открија дека најмалку еден час трчање дневно може да го продолжи животот на еден човек за седум часа. Експертите препорачуваат дека треба да се практикуваат четири часа неделно трчање.

Исто така, може генерално да се земе дека тркачите имаат и поздрав начин на живот, не се пушачи и пијат алкохол во умерени количини.