Кога МекДоналдс сака да глуми Лесковачка

Дури во 2017 година МекДоналдс започнува некаква си кампања за служење на плескавици изготвени од свежо месо. Само фрката е тоа што компанијата се сретнува со мал милион проблеми додека да се дојде до стандардот на обичната, свежа лесковачка плескавица. 

Во досегашното мени на американскиот гигантски ланец на ресторани за фаст-фуд МекДоналдс скоро сите понуди се практично веќе подготвени, замрзнати и спремни за минимална термичка обработка (најчесто во микро) и брзо служење што своевремено го прави овој тип на исхрана еден од најевтините, најбрзите но и најнездравите избори на пазарот. 

Декади откако целиот систем се базира токму на овој начин на функционирање, и веќе притиснати од помалата продажба која веројатно е следствена на поголемото знаење и информирање на луѓето за ефектот на лошата исхрана врз здравјето, менаџментот превзема потфат на внесување на бургери кои ќе бидат направени од свежо месо (ова важи само за некои тип на бургери, ни ние не ги разбираме до толку). 

Оваа идеја веќе на големо се тестира во 400 ресторани низ Тексас и Оклахома од минатата 2016 година, а планот за целосна имплементација е зацртан некаде во 2018 година. Сепак, проблемите на кои наидува компанијата со оваа „поздрава” варијанта се доста големи. 

1. Свежите плескавици потребно е да се изработат на лице место и истите не би требало да стојат подготвени повеќе од 5 минути. За разлика од ова, досегашните смрзнати плескавици можат да се транспортираат каде сакаат, а и да стојат 15 минути во греачот. 

2. Втор проблем врзан со времето е тостерот кој го подготвува лепчето многу побрзо од времето за печење на една плескавица така што синхронизацијата за еден финален бургер е малку покомплицирана. 

3. Тука е и проблемот со „Драјв-тру” менито кое го користат дури 70 проценти од корисниците на Мек во САД. Во овој сегмент од ресторанот е доста тешко да се искоординираат и навремено извршат нарачките што би повлекло нови поголеми скари и евентуално зголемен персонал – се вели во извадокот од Quartz

Секако дека преминот кон поздрави варијанти на една од најголемите (во минатото) водечки фаст-фуд ланци во САД би бил доста тежок и со самиот факт што за да се изготви еден бургер од свежо месо најпрво истото месо треба да се набави, сепак компанијата прави голем број на модификации откако бројките на корисници константно паѓаат.

МекДоналдс според статистиката премина од доминантен играч во исхраната до дереџе да само 20% од младите во САД воопшто да имаат пробано нешто од менито на ресторанот, па ваквите потези се сосема очекувани. Покрај ова ресторанот воведе и други „здрави” опции како путер наместо маргарин и започна со наводно користење на пилешко без антибиотици. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија