Зошто трчањето не ти помага во слабеењето

Иако можеби најчестиот прв чекор кој се превзема кон патот за слабеење е започнувањето со трчање, честопати луѓето се доведуваат во ситуации каде ни трошка грам не слабеат со оваа активност. Факт е дека движењето и трчањето се супер активности за целокупното здравје, но најчесто грешката лежи во нас…

 

Кога станува збор за слабеење, трчањето знае да биде една од најнеефикасните активности токму за топењето на вишокот килограми. Иако истото носи еден куп полезности за вашето здравје и организам – го зајакнува срцето и белодробниот капацитет, позитивно влијае врз регулирање на шеќерот и инсулинот и ги зајакнува мускулите и коските – , честопати тоа знае да ве исфрустрира доколку целите кон топење на некој килограм, па затоа најубаво е фино да си ги анализирате вашите постапки пред и по тренингот.

Многу трчате – многу јадете, малку трчате – многу јадете

Една од најчестите блокади кон слабеењето со помош на оваа физичка активност е проблемот со јадењето особено после тренинг. Честопати луѓето и после лесен и едноставен тренинг на кеј знаат да си дозволат претеран внес на беспотребни калории со замисла дека едноставно доволно истрошиле. Кај некои пак други луѓе, ваквите кардио активности едноставно ги оставаат гладни и тие се наоѓаат во ситуација на зголемен калориски внес.

Знаејќи колку луѓето се несмасни во оценувањето на калориските вредности на храната што ја јадеме, несомнено е дека тренинзите честопати се зачинети со повеќе калории од потребното. Затоа, бидете малку посвесни за тоа што го јадете, ако не успеете да регулирате, тогаш пробајте да водите евиденција и фаќајте прибелешки.

Трчате и ништо друго не правите

Ако мислите дека неколку тренинзи неделно се доволно за да успеете да ги симнете вишокот килограми тогаш убаво се лажете. Потребно е да бидете што поактивни на сите страни од вашиот живот. Разгледајте го начинот на кои се движите од работа до дома, како одите да пазарите, што правите во слободното време – пешачите, возите точак или само гледате телевизија и интернет?

Тренингот е една работа, животниот стил е многу поважна. Затоа превземете многу повеќе активности кои бараат ваше движење низ градот, по дома и на сите останати места. Исто така, пасивниот одмор заменете го со активен т.е. доколку сте направиле одреден тренинг викендот не значи дека другиот ден не можете да направите некоја лесна прошетка во паркот или возење на велосипед.

Телото е паметно и ефикасно

Организмот е прилично сложена и доста паметна машина која знае како да си ги штеди резервите па најчесто вашата трчачка рутина преминува која преминува во секојдневие е пречекана со намалување на потрошувачката на калории од страна на организмот.

Практично, доколку не правите некои промени во темпото, не внесувате кратки, а брзи спринтови и си уживате во комфорната зона на некоја средна брзина, организмот многу бргу ќе се навикне и ќе стане до толку ефикасен што вие нема (што се вика) „ништо” да трошите за време на тренингот.

Менувајте тренинзи, внесувајте нови брзини и дистанци, внесете и нови видови на активности и не дозволувајте монотонијата да завладее – така се слабее полесно.

Не кревате тежини

Факт е дека силовиот тренинг дава поефикасни резултати при слабеењето, а со додавање на вакви вежби во вашата тренинг рутина вие не само што ќе успеете да симнете повеќе тежина туку ќе го зајакнете трчањето и ќе добиете на подобар перформанс. Затоа задолжително практикувајте силов тренинг како дел од вашите тренинзи.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија