Магнезиум, незаслужено запоставен минерал

Магнезиумот често се смета за тивок партнер на калциумот. Тој е потребен за формирањето на коските, а воедно е многу корисен против грчеви во мускулатурата. Но тој е вистински суперхерој кој заслужува да биде ценет според важноста! Одбравме пет новини за да Ви ја демонстрираме разновидната улога на магнезиумот.

1.  Може да го намали крвниот притисок! Дали ова Ви делува како грижа само на повозрасните лица? Сепак може да биде корисно и за лицата во триесетите кои може да бидат засегнати од овој проблем како резултат на стрес, нездрав начин на живот и обезност. Вискоиот крвне притисок може да се нарече тивка болест бидејки најчесто тешко ги чувствуваме покачувањата на крвниот притисок, но неговите вредности може постепено да се зголемуваат во текот на годините исто како и килограмите и со тоа да предизвикаат оштетување на срцето и крвните садови. Според едно истражување објавено во American Heart Association, дневна доза од само 30 мг магнезиум може да го намали крвниот притисок, а ефектот е поизразен кај лица со дефицит на магнезиум.

2.  Дефицит на мегнезиум. Мислите дека не е честа состојба, но едно истражување спроведено во Англија дошло до заклучок дека внесот на магнезиум во количини помали од препорачаните може да влијае на 50-74% од возрасните лица на возраст од19-64 години, во зависност од полот. Што може да е причината? Несоодветна исхрана, модерни диети, лошо формирани оброци, покачено ниво на стрес и поинтензивна физичка активност.

3.  Не можете да го одржите темпото? Потребни ви се 2-3 кафиња наутро за да се разбудите? Недостатокот на магнезиум и витамините од Б комплексот може да го намалат менталниот перформанс и концентрацијата и да го уништат расположението, бидејки се неопходни за функцијата на мозокот.

4.  Дијабет. Според една сумерна анализа, суплементацијата со магнезиум го намалува нивото на шеќер во крвта кај пациенти со дијабети и го намалува нивото на шеќер кај лица со зголемен ризик при изведување на ОГТТ.

5.  Магнезиумот е неопходен за функцијата на повеќе ензими. Според една сумарна анализа, кај обезните пациенти има намалено ниво на магнезиум во крвта. Оние кои страдаат од покачена телесна тежина треба да размислат за воведување на суплементација со магнезиумсо цел да го намалат ризикот од компликации од дебелината!

Добри извори на магнезиум се: киселица, спанаќ, семенки и соја. Доколку сметате дека конзумирате помалку од наведените извори, обрнете повеќе внимание на внесот на магнезиум бидејќи тој е неопходен за зачувување на здравјето!

Автор

Mak Fit - www.calivita.mk

Скопје

Македонија