Колку енергија ни дава сонцето во Македонија?

После 22 години собирање сателитска дата се појави едно чудо со кое секој може со пар кликови да дознае колку точно струја може да добие од соларни панели во било кој регион во светот, а тоа значи и секаде низ Македонија. Епа, бујрум деца на сонцето, дознајте си.

Чудото од сончева дата се вика Глобален Соларен Атлас, направен од Светската банка. Клик ТУКА за да го користите. 

За што се користи поточно?

Пример: Размислуваш да ставиш соларни панели за да произведуваш струја, арно ама сакаш да знаеш колку точно струја ќе ти произведат тие панели за една година. Со помош на соларниот атлас дознаваш за пар секунди. Целта на атласот е да ги убрза работите кон приклучување на што повеќе соларни фотоволтаични системи низ целиот свет во следната деценија со што би можеле да се откачиме од фосилните горива што побрзо.

За нас во Македонија како држава каде се уште многу малку се користи сончевата енергија за производство на струја, ова претставува важна алатка која може да ни помогне да се отарасиме од јагленот и да намалиме со тоа увозот на струја.

Од најновиот извештај на Интернационалната агенција за обновлива енергија за нашиов регион кој излезе во јануари, како држава засега имаме многу неостварен потенцијал за сончева енергија и ветерна енергија за кој доколку сега би се инвестирало голем дел е веќе поевтин одколку во инвестирање во фосилни горива.

За жал се уште сме тапа во таа сфера немајќи можност домаќинствата да продаваат електрична енергија од соларни панели на своите кровови.