Интервју со новото заштитно лице на No Limit

Марија Радеска е новото заштитно лице на No Limit, па затоа решивме да и поставиме неколку прашања за нејзиниот пат кон успехот во светот на фитнесот…

Кога започна твоето прво искуство со вежбалната?
Поминаа веќе неколку години од моето прво искуство во вежбалната и првиот контакт со железото. Тоа беше моментот во кој јас се пронајдов и сфатив дека тоа е стилот на живот кој ќе го водам, и професијата која ќе ја работам.

Со мојот брз прогрес во формата се зголемуваше и мојата пасија кон фитнесот. Поради несебичната поддршка и насока од мојот ментор и тренер Дејан, постојано се надградував и едуцирав.

За некого тоа е само обичен Фитнес тренинг, а за мене и Дејан тоа е многу повеќе од спорт и рекреација.

Какви изгледаат деновите на луѓето посветени на фитнесот?
Целиот ден ни е опкружен со многу клиенти во фитнес центрите во кои работиме, здрава исхрана која ја консумираме преку целата година и додатоци во исхраната кои се неопходни за добра форма, напредок и здравје.Колку пати неделно тренираш?
Тренирам 5 пати неделно тежински тренинзи во разно разни варијанти и оптеретувања, но и исто толку кардио тренинзи со различен интензитет.

Кој тим стои позади твојот успех?
Од неодамна се приклучив во најдобриот тим на брендот Amix, за кој главен застапник е Горан Панев од No Limit (Skopje City Mall), во кој од самиот старт заштитно лице е мојата посилна половина Дејан Пауновски-повеќекратен шампион на Македонија, освојувач на неколку меѓународни медали и учесник на Арнолд Класик 2016-та година.

Кои се твоите омилени препарати?
Неопходни и омилени препарати кои би ги одвоила се:

-Amix Whey Fusion
-Bcaa Nitro
-Fatburner Thermocore Amix
-L-Carnitine
-OsteoCaps

Автор

No Limit

Скопје

Македонија