Зимско табуле
Главна ѕвезда на вечерните собиранки! Брзо се подготвува, сепак вкусна и здрава опција за вечера што нема да ви прави проблем за спиење…
- 1 тегла салца (ние имавме домашна залиха)
- 1 среден црвен кромид
- мала шолја сушен магдонос
- 1 мала шолја кус кус
- 1/2 кафено лажиче куркума
- 1/2 кафено лажиче цимет
- 1/2 кафено лажиче бибер
- прстофат сушен босилек
- се полева со маслиново масло (количина по желба)
- прстофат црно семе (нигела сатива)
Подготовка
1 Се загрева вода до точка на вриење (1:3 за кус кус – три шолји) и во неа се додава кус кус-от. Се остава да набабри 15-тина минути. Потоа се меша со ладна вода и се цеди.
2 Кромидот се сецка на ситни парченца.
3 Во поголем сад за салата се додава подготвениот кус кус, магдоносот, кромидот теглата со домати и останатите зачини.
4 На крај се полева со маслиново масло и се наросува со црното семе.
Уживајте!