Културно санкање

За разлика од нашиве ски центри каде санките се потенцијално смртоносно орудие а културата е присутна во Петриева шолја, во Австрија се оди по овој принцип. 

Доаѓаш, ти даваат редно бројче кое воедно е едно од 508-те кои ќе влезат во Гинис, стазата е обележана, средена и се по список, те води некоја Олимпијка во санкање (значи нема да пушти тоа нозете и да завршите во ендек), мафтаат тие со знаменцата и полека тргнува најдолгиот синџир направен од санки. 

Поставени беа 508 санки во должина од 750 метри со што во ски центарот Вилдкогер од Австрија културно беше поставен новиот рекорд. Никој не беше повреден за време на санкањето. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија