YOU TUBE КАНАЛ НА МОК

ПРВ ДИРЕКТЕН ПРЕНОС / КУГЛАЊЕ

Македонскиот олимписки комитет (МОК) во соработка со Националните спортски федерации и во насока на популаризација на спортот во Македонија, согласно зацртаната Олимписка програма, во партнерство со Кугларската федерација на Македонија, утре, 21.01.2017 година, со почеток во 12:00 часот, на својот YouTube канал, ќе го емитува својот прв директен пренос и тоа од дерби натпреварот на македонската кугларска лига (шестто коло), КК МАКПЕТРОЛ – КК ВАРДАР 2014.

Ги покануваме сите љубители на спортот, посебно на куглањето, утре во 12:00 часот да дојдат во Спортскиот центар “Борис Трајковски” и да го проследат овој настан, a оние љубители на спортот кои нема да можат да бидат присутни, овој дерби натпревар ќе може да го проследат во живо на поддоле наведениот линк:

Автор

Makedonski Olimpiski Komitet - MOK

Скопје

Македонија