Веге мусака

Супер варијанта за сите кои сакаат да го избегнат месото во одличниот рецепт каков што е мусаката. 

 
  • 10 средни компири
  • 3 големи моркови
  • 2 главици кромид
  • 100 грама брашно
  • 50 грама пармезан
  • 300 мл доматен сос
  • сол
  • бибер
  • сушен магдонос
  • маслиново масло
 

1. Во брашното се меша пармезанот и зачините. Компирите се сечат на тркалца, се натапкуваат во брашно и се редат во намастена тава во еден слој.

2. Потоа се реди слој од моркови и кромид исто сецкани на тркалца, а одозгора се посипува доматниот сос.

3. Се завршува со слој компири и се попрскува со маслиново масло. Се пече на 220 околу час и половина покриено со фолија, а пред самиот крај се допекува без фолија да заруменат компирите.