Инспирација

Другарството шума направи

Кога луѓето знаат да си помаагаат меѓу себе, чуда можат да се случуваат. А такви многу ни требаат во денешново време. Поздрав со краткава инспирирачка сторија за денешниов ден на дрвото…

Во Кина постои еден од најинспиративните тимови кои досега имаат посадено над 10 илјади дрва. Тимот се состои од двајца. Едниот го изгубил видот пред скоро 2 децении, другиот ги изгубил рацете уште како дете.

Иако одделно се соочуваат со многу потешкотии во секојдневниот живот, заедно се неверојатно успешен тим што придонесува за останатите.

Другарски и шума може да се направи, затоа повикај пријател и на садење!