Freestyle курсеви во Acro Macedonia
Почувствувајте го freestyle летањето

Acro Macedonia како еден од најстарите параглајдинг клубови во Македонија, покрај класичните курсеви, нуди и freestyle курсеви за понапредни пилоти.
Freestyle летањето е практика на летање каде се изведуваат многу маневри во воздух. Тоа е изведба на извонредни подвизи на рамнотежа, агилност и моторна координација.
За учење на акро маневри потребно е доста тренирање на земја, перфектно раководење на крилото, учење на маневрите и моториката на земја, за потоа постепено тренингот да продолжи во воздух.
Во продолжение следат два видео записи од неколку тренинзи од ваков вид на доста јаки ветришта.