Чили канапеи
Вкусно, интензивно мезе што отвора апетит…
- Чили пиперчиња
- 30 грама тврдо сирење
- рузмарин
1. Лутите пиперчиња се сечат по должина со рачка, семчињата се вадат.
2. Во секоја половинка се става по една коцка 1×1 см сирење.
3. Одозгора се зачинува со ситно сецкан рузмарин.
4. Се пече на фолија околку 15 минути, додека да се растопи сирењето.