Во исчекување на седмото ЕХО од планините

Со малку подранета дата оваа година, од 17 до 20 октомври го очекуваме седмото издание на фестивалот што ја негува и прикажува љубовта кон планините преку седмата (честопати и осмата) уметност – планинскиот филмски фестивал ЕХО. 

Изданието за 2016 година повторно ќе се одржи со проекции на три локации – киното Милениум, кино Фросина и Џепното кино во МКЦ а во предвидените четири дена, македонската публика ќе има можност да погледне разновден репертоар на филмови, документарци, презентации и излагања на интересни спортисти, изложби на фотографии итн.

Покрај стандардните активности, љубителите на планините ќе имаат можност и да се сретнат со две нови книги од полицата на ЕХО и тоа „Метафизика на Врвот” на нашиот ценет професор Ферид Мухиќ каде тој се нурнува длабоко во контеплација за тоа што всушност значи да се движиме кон Врвот, а другата – македонски превод на „Седмата оцена” од Реинолд Меснед – едно од најголемите светски имиња во планинарството.

Како едни од поинтересните ликови од светски рамки засега се најавени Никлас Холстен – еден од најдобрите сноубордеристи од Финска, Никита Балабанов – украински алпинист кој во 2016 година го доби признанието Златен Цепин како и презентација на првата бугарска експедиција на Серо Торе и Патагонија – „Опашката на змејот”.

Во склоп на фестивалот ќе се одржи и третото издание на избирање на најдобра планинска фотографија како и на најдобро аматерско видео од планините кои се влезени во овогодинашниот конкурс.

Иако целосната програма не е се уште искочена како најава за некои од документарците ги имаме:

Се гледаме на ЕХО2016

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија