Мојот пласман на Државното првенство во кајак спринт – Охрид-2016

На 17-ти септември 2016 година се одржа Државно првенство во кајак спринт на мирни води на 500 метри во Охрид.

Јас, Љубомир Спасиќ, како кајакар на два вида, поточно од дициплина слалом и спуст земав официјално учество за прв пат и во мирна вода.

Покрај успешната сезона во слалом и спуст каде што сум 4-то пласиран во Европа, денес успеав да се пласирам на 3-то место во К1 спринт на мирни води на овогодинешното Државно првенство и во мојата трета дисциплина (колку што и постојат дисциплини во кајак во нашата држава) успеав да освојам медаља.

Додека во К2 двосед заедно со Јован Чакарески кајакар од мирни води кој што е од Струга, успеавме да се пласираме на 2-та позиција во Македонија.

Ова за мене претставува голем успех и одличен стимул за да се вложам максимално себе си во подготовките кои ми предстојат за следната сезона кога имам настап на Европското првенство на кое сме и домаќини и за настап на Светското првенство кое ќе се одржи во Франција во 2017 година.

Автор

Ljubomir Spasik

Велес

Македонија