Се одржа државно првенство за сениори во Кик Бокс

Во саботата (17.09.2016г.) во спортската сала „Иван Хаџи Николов” во Скопје се одржа државно сениорско првенство во дисциплините од кик бокс спортот.

Техничката организација беше на клубот „Скопје” од Скопје, кој се погрижи сè да помине во најдобар ред. Учество земаа спортисти од 10 клубови. Првенството за отворено го прогласи претседателката на КБФМ Г-ѓа Александра Неделковска, а присутната публика имаше задоволство да ужива во доминацијата на светските прваци Димитар Ѓорѓиев и Ненад Манојловски.

ПОБЕДНИЦИ ПО КАТЕГОРИИ И ДИСЦИПЛИНИ

*Дисциплина кик лајт

1 место – 69кг Ненад Манојловски Шампион Скопје
1 место – 74кг Барјам Рамадани Сен Сеи Гостивар
1 место – 79кг Филип Синадиновски Скопје Скопје
1 место – 84кг Димитар Ѓорѓиев Гладијатор Неготино

1 место – 50кг Мартина Саздова Скопје Скопје
1 место – 55кг Теодора Блажевска Каринг Скопје
1 место – 60кг Стефани Тодорова фајт тим Скопје
1 место +70кг Наташа Ѓорѓиевска Про кик фемили Скопје

*Дисциплина лоу кик

1 место – 54кг Ана Јаковчевска Каринг Скопје
1 место – 63,5кг Мартин Саздов Скопје Скопје
1 место – 71кг Златко Стојменов Скопје Скопје
1 место – 81кг Никола Ивановски Каринг Скопје
1 место – 91кг Вадимир Јаковчевски Минов Каринг Скопје

Ненад Манојловски и Димитар Ѓорѓиев како што доликува на светски шампиони доминираа на татамите со одлична техника и надменост и беа поздравени од присутната публика со громогласни аплаузи.

На 1.10.2016 кик боксерите заминуваат во Босна и Херцеговина на купот Сараево Опен кој е проверка пред престојното Европско првенство во Марибор и Атина.