Импресии од традиционалното искачување на Руен

На 11.09.2016 година се одржа традиционално искачување на врв Руен 2252м.н.в, во организација на Зпзп Калин Камен 2015 од Крива Паланка.

Акцијата започна во 08:00 часот, стартната точка на акцијата беше кај Машинската зграда над рудникот Тораница. Патеката е средно тешка каде имавме денивелација од 700 метри искачување исто толку и симнување. Патеката е долга околу 9км во еден правец и има 1 извор на вода. Накај 11:30 часот пристигнавме на врвот каде што направивме поголема пауза за уживање, фотографирање, доделување на благодарници и печати на учесниците.

Наша чест и задоволство е големиот број на учесници околу 190 луѓе од најразлични генерации. Од кои поголемиот дел млада и перспективна екипа за планинарење и узиванје на прекрасните места и врвови кои ни ги нуди природата. Голема благодарност до планинарите и планинарките од:

– ПД Куманово
– Зпзп Козјак 2013
– ПД Чеплес
– I love hiking – group Macedonia
– ПСК Скопска Црна Гора
– ПД Осогово Кочани
– Планинари од Неготино “Free Hikers”

Посебна благодарност и за подршката од Црвен Крст Крива Паланка и нивната екипа на терен.

За враќање назад имавме 3 варијанти…
Прва варијанта
13:30ч – Старт за подолгата патека која е долга околу 30 километри (Врв Руен – Сокол – Царев врв – врв Калин Камен – езеро под врв Калин Камен. На оваа патека совладувавме денивелација од 700 метри искчување и 700 метри спуштање. Оваа рута ја избраа 33 учесници каде сите успешно ја завршија.
Втора варијанта
14:00ч – Старт на групата за враќање назад кон Тораница по сртот покрај караулата Бождарица. Поголемиот дел од учесниците ја избраа оваа рута и по неа се вратија назад кај Машинската зграда над рудникот Тораница.
Трета варијанта
14:00ч – Старт на групата за враќање назад кон Тораница по истата патека по која и се искачивме нагоре.
16:00ч -18:00ч – пристигање на групите во градот и затварање на акцијата. За сите патеки ЗПЗП Калин Камен 2015 имаше обезбедено водичи.

 

Автор

Zpzp Kalin Kamen 2015

Крива Паланка

Македонија