Што родителите можат да направат за да ги мотивираат децата во училиште?

Дали неуспехот е позитивна можност да се научи и подобри, или е негативно искуство што го попречува успевањето? Како родителите одговараат на ова прашање има големо влијание на тоа колку децата ќе мислат дека можат да го подобрат нивниот интелект преку напорна работа.

Според Кила Хајмовиц, професор по психологија на Универзитетот на Стенфорд, родителите се навистина критична сила во развојот на детето во однос на тоа како мотивацијата и начинот на размислување се развива. Родителите го имаат овој моќен ефект во раното и понатомошно детство да ја пренесат пораката што е неуспех и како да одговорат на тоа.

Постојат доволен број на докази кои покажуват дека кога децата ги согледуваат своите способности како нешто што може да се подобри и да се промени со текот на времето, тогаш тие се соочуваат со пречките на поконструктивен начин. Но пренесувањето на оваа порака кај децата не е едноставна.

Хајмовиц вели, родителите треба да го преставуваат ова на своите деца на начин на кои тие реагираат во врска со неуспесите и успесите на своите деца. Ние треба навистина да размислуваме за она што е видливо за другата личност, каква порака испраќам во однос на моите зборови и моите дела.

Со други зборови, ако детето дојде дома со оцена 2 по математика, како родителот ќе одговори на тоа ќе влијае како детето ќе ја гледаат својата сопственост да учи математика. Дури и добронамерниот одговор на тоа како ,,Во ред е, ти се уште си добар во пишување,, може да испрати порака дека време е да се откаже од математика наместо да учи од грешките кои ги направил.

Хајмовиц и нејзниниот колега Двек спровеле серија од помали истражувања да проучат како врската помеѓу неуспехот на родителите и склопот на интелегенција влијаат врз верувањата на децата за нивната интелигенција.

Тие интервјуирале родители и деца од 4-то и 5-то оделение за нивните верувања за неуспесите и интелигенцијата. Нивниот фокус бил дали тие согледуваат дека интелигенцијата е нешто мерливо и дали тие гледаат на неуспехот како нешто позитивно, како нешто што е надоградувачко и ја зголемува продуктивноста или како негативно, ослабувачко и го намалува учењето.

Нивните резултатит покажале дека верувањето на децата за тоа што значи да се биде паметен не е поврзано со тоа како нивните родители ја согледуваат интелигенцијата, туку е поврзано како нивните родители реагираат на неуспехот.

Потоа истражувачите интервјуирале родители за да дознаат како тие реагираат кога детето ќе дојде дома со неуспешен прашалник направен на училиште. Имало родители кои гледале на неуспехот со загрижување за способностите на дететот за тој предмет или тој неуспех го гледаат како неталентираност на детето за сите предмети. Но родителите кои го гледале неуспехот како можност за развој често го прашувале детето што научил од прашалниот лист, што можел дополнително да научи и дали ќе помогне ако побара помош од наставникот.

Според Хајмовиц, еден начин да помогнеме детето да го доживее неуспехот како позитивен предизвик е да го запрашаме: „Како можеш да го искористиш ова, како отскочна точка да бидеш уште подобар?”

Сепак ова истражување не открива како резултатите се поврзани со етничката, расната и социо-економската припадност.

Постои тенка линија помеѓу доволна помош од родителите и наставниците за да може детето само да направи нешто, што инаку не би можело и преголема помош што ќе ја очекува од другите да направат нешто за него и нема да може да напредува. Треба пополека да се повлекувате додека детето не биде сигурно самостојно да ги прави работите, но не дозволувајте да се измачува толку многу што ќе почне да се фрустрира и да се откажува – објаснува Хајмовиц.

Извор
Превод: Елена Столевска – Бреинобреин едукатор