Обука за SUP веслање

Прва обука за инструктори во стоечко веслање во Македонија

SUP клубот Аква-Тера Скопје ја организира првата обука за SUP инструктори во Македонија.

Обуката е составена од 10 часа низ кои кандидатите ќе се стекат со основните знаења и вештини кој секој SUP инструктор треба да ги поседува како што се:

– Водење на обука и работа со група
– Безбедност на вода
– Познавање на опрема
– Практичнни елементи:
– Техники на веслање
– Техника на вртење
– Техника на поаѓање и запирање
– И многу други…

По завршената обука кандидатите што успешно ќе ја поминат обуката ќе добијат Лиценца L1 – ниво 1, “SUP Инструктор за мирни води” усогласена според ASI – Academy of Surfing Instructors + подарок изненадување од SUP клубот Аква-Тера.

Сите кандидати кои ќе изразат интерес и покажат добри резултати имаат можност да добијат и работен ангажман во активностите на Аква Тера.

Почеток на обуката: крај на месец септември, 2016 на локација во Скопје и Велешко Езеро.

Организаторот ја обезбедува потребната опрема, материјали и превоз до локациите.

Потребни квалификации за обуката:

– Над 18 години
– Пливачи
– Спортски дух

Рок за пријавување 20.09.2016 година.

За пријавување и дополнителни информации слободно контактирајте нè на [email protected] или на 078 942 302 и 078 942 303.