Жарко и Маријан ќе се натпреваруваат на Adriatic Throwdown

На наше големо задоволство, двајца учесници успеаа да се квалификуваат. Жарко Батиќ кој се наптреварува во Elite катеогрија успешно влезе како 42 натпреаврувач од вкупно 50 и Маријан Јанчев кој се натпреварува во Scaled категорија како 22 рангиран од вкупно 40 натпревaрувачи. Како судија на овој Throwdown ќе оди Зоран Иванов.

Трета година по ред се оддржува Adriatic Throwdown кој е организиран од Fanatic box CrossFit. Најдобрите од квалификационите вежби ќе земат учество во финалето. Местото ќе биде Умаг во Хрватска во периодот 10 и 11 септември оваа година.

Во прилог интервјуто со Маријан и Жарко за нивните почетоци за Кросфитот и подготовките за Adriatic Throwdown…

https://youtu.be/qUOPDW3BzWU width:635

1. Како дознавте за КросФит и кога почнавте активно да тренирате?
Маријан: Во 2014 година дознав за кросфит од близок другар. Кросфитот ми делуваше прилично необичен на почеток. Имав чувство дека ќе “паднам со формата”, ама реков ќе пробам да вежбам барем месец дена. Со тек на време, воочив дека можам да постигнувам многу добри перформанси и од пред година дена решив да вежбам посериозно.

Жарко: За Кросфит дознав од другар во јануари 2012. Прво тренирав рекреативно како и сите останати. Од пред две и пол години почнав интензивно да се натпреварувам.

2. Кој ви е омилен WOD (Workout of the day)?
Маријан: Толку многу комбинации на вежби има што не може да се одбере една. Но ми одговара кога во склоп на вежба има тешки килажи и handstand pushups.

Жарко: Тешко е да се избере само една вежба, премногу ги има. Веројатно би било вежба во која има handstand pushups или згибовии.

3. Kако се појави желбата за да почнете со натпреварувања?
Маријан: Желбата за натпреварување дојде кога почнав многу често да вежбам во континуитет и сакав да биде тоа измерено на некој начин.

Жарко: Од 7 годишна возраст па се до 19 тренирав кошарка. Желбата за натпреварување и докажување беше присутна од првиот ден кога влегов во Кросфит Скопје. Беше прашање на време кога ќе научам правилно да се движам и да ги усовршам останатите техники на изведување на вежбите.

4. Кaко ви поминаа квалификациите за Adriatic Throwdown?
Маријан: Квалификациите поминаа супер во оглед на тоа што само една вежба ја повторив за подобар резултат, додека за другите две вежби од прва бев задоволен.

Жарко: Одлично поминаа, без стрес. После првата вежба бев во топ 50 (број на натпреварувачи што се пласира на Adriatic Throwdown ) со што знаев дека ке се квалификувам без проблем.

5. Што мислите за конкуреницјата што ќе биде на Adriatic Throwdown?
Маријан: Во Умаг ќе има учесници од цела Европа и се разбира дека ќе има многу јака конкуренција.

Жарко: Како и секогаш одлична. Ќе бидат натпреварувачи од цела Европа. 50 момци кои го жртвуваат летниот одмор за да бидат спремни за натпреварот.

6. Кои се вашите очекувања за Adriatic Throwdown?
Маријан: Како рекреативец во овој спорт очекувам да си поминам убаво, забавно и ако успеам да се искачам во ранг листста во однос на моето место на квалификации.

Жарко: Секогаш одам со цел за финале, овој пат се спремив подобро од претходните натпревари, очекувам и повеќе од тоа. На крајот од денот ќе го дадам својот максимум, па што биде нека биде.

Автор

CrossFit Skopje

Скопје

Македонија