Препорака од Wizzair Скопски маратон за трки кои следуваат!

Летото полека завршува и веќе сигурно размислувате која ќе биде ваша следна трка. Доколку сè уште не сте одлучиле ние сакаме да ви препорачаме неколку трки.

City Park Night 21 | 21км | 10 септември

На 10 септември во организација на Endurance.mk (АК Индјуренс – Скопје) во Градскиот Парк во Скопје по втор пат ќе биде организиран ноќен полумаратон “City Park Night 21”. Одлична можност пред предстојната есенска сезона да ја проверите вашата форма или да го истрчате вашиот прв полумаратон. Организаторите ветуваат одлична забава и дружење. Искористете го првиот бран на регистрација кој трае до 25.08.2016.

За повеќе информации за трката и како навремено да се пријавите кликнете тука.
 

Крали Марко Треил | 24-25 септември

Крали Марко Треилс претставува меѓународен настан во планинско трчање кој оваа година ќе се одржи по шести пат во околината на Прилеп, Марковите Кули и планината Бабуна. Настанот се состои од три трки во планинско трчање и планинарење со различни должини, 16км, 31км и 90км погодни за секој што е заинтересиран за истражување на прекрасниот мистичен терен на некогашното прилепско царство.

Организаторите ве повикуваат на одличен викенд во Прилеп, Марковите Кули, Трескавец, чаршијата и на еден уникатен спортски настан каков што е Крали Марко Треилс. Пријавувањето е во тек и трае до 31 август. Повеќе информации за настанот кликнете тука.
 

Подгорица Маратон и Полумаратон | 30 октомври

Виз Ер Скопски маратон и оваа година во соработка со организаторите од Подгорица обезбеди бесплатен автобуски превоз за сите македонски тркачи кои сакаат да учествуваат на маратонската или полумаратонската трка. За да го искористите бесплатниот превоз треба се пријавите и да ја уплатите котизацијата за трката преку www.smartrace.club.

Бројот на местата за бесплатен автобуски превоз е ограничен. За повеќе информации кликнете тука.