Екологика

Сакаме ли успех во масовното расчистување од поплавите?

Поплавата која се случи минатиот викенд, во која загинаа 22 наши сограѓани и направија огромни штети за илјадници семејства, нè погоди сите. Што е следно? Спремни ли сме целосно да го исчистиме поплавениот регион пред да се појават епидемии и заразни болести?

  • Постојат тимови на луѓе кои создаваат вештачки корални гребени (еден вид пошумување во океаните) со цел да се заштитат крајбрежните региони кои имаат ризик да бидат поплавени.
  • Постојат држави кои го контролираат нивото на морето на нивното крајбрежје бидејќи државата им е под нивото на морето.
  • Постојат градови кои се на вода и успешно се справуваат со надоаѓањето и одлевањето на водата.
  • Постојат населени места кои се во постојан бран на поројни дождови но успешно се справуваат со големите количини дожд.

И постои Македонија.


Поплавата не е нешто митолошко или хаарповско… Поплавата е последица на врнежи со висок интензитет и на погрешни човечки проценки, конструирања и дејстувања во последните децении кои влијаеа водата да добие разорна моќ за да го најде патот за истекување. За да со сигурност се одреди колку и што точно е погрешно, треба правилна и сериозна анализа. Само како вовед се податоците за загубата на шумите во скопскиот и полошкиот регион, каде водата се почесто прави поплави и свелчишта.

Сателитски податоци од Global Forest Watch

Тоа што сега е најпотребно е итно расчистување и помош на настраданите, а викендот е отворена Граѓанската акција за масовно расчистување на поплавите во која може да се вклучи секој од нас. 

Не си среќен кога другите страдаат! Не си во здрава заедница каде се јавуваат заразни болести!

Затоа СОЛИДАРНОСТ и ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА. Да исчистиме пред да премине во трагедија.

ВКЛУЧЕТЕ СЕ!!!

Јавното сообраќајно претпријатие денес информираше дека е обезбедебен бесплатен превоз за волонтерите кои ќе помагаат во поплавените реони.

 

Автобусите ќе поаѓаат во 9:00, 12:00 и 15:00 часот.

 

Поаѓањето ќе биде од следните локации:

 

1. Ѓорче Петров – пред црквата Св. Петар и Павле; продолжува кон Карпош – спроти City Mall; продолжува кон Центар – Југодрво, потоа кон Хотел Континентал (Спроти Општина Гази Баба) и продолжува кон крајната точка

 

2. Кисела Вода – пред општина Кисела Вода, продолжува кон Аеродром – на бул. Србија пред ОКТА и продолжува кон крајната точка

 

3. Бутел – пред стара општина Бутел, продолжува кон црква Св. Јован и продолжува кон крајна точка

 

Крајна точка е Обилконица (Пункт накај Стајковци).

 

Враќање последно од крајната точка е во 19:00