Пилатес – Вежбањето што го освои светот

Веројатно сте чуле за пилатес, но прашање е дали навистина знаете што е во суштина и зошто се повеќе луѓе кај нас и во светот се приклучуваат во ова вежбачко лудило кое доминира со светскиот фитнес. Ајде да погледнеме.

Пилатесот е неверојатно ефикасна програма за вежбање која ги стимулира телото и умот паралелно. Комбинацијата од јога и интензивни кардио вежби, ја прават исклучителна вежба за целото тело која на несомнено и без исклучок ќе ви донесе видливи резултати.

Основи на Пилатес

Кога започнувате со вежбање пилатес, треба да знаете дека истиот тргнува од некои основни принципи како: правилна форма, фокусирано дишење, физичка и ментална фокусираност и кохезија, зголемена циркулација и концентрација, како и течни движења.


Читајте нешто повеќе за: Историјата на пилатесот


Вежбите во пилатесот може комплетно да се изведуваат без никаква опрема и истите примарно се концентрирани на јадрените мускули односно, стомак, грб и колкови. Дополнителната опрема се вклучува во понапредните фази и може да вклучува: еластични гуми, медицински топки, платформи, ролери и.т.н.

Полезности од пилатесот 

На тема бенефити од пилатесот може да се пишува на долго и широко и веројатно повторно ќе има нешто што не е споменато. Сепак еве дел од најважните придобивки од редовно вежбање Пилатес:

  • Редовното практикување пилатес ќе ви донесе силен централен дел на телото, а една од најважните придобивки е зголемена еластичност на мускулите и мобилност на зглобовите, што е основа за превенција од повреди.
  • Заради постојаното вежбање на јадрените мускули, пилатесот ќе направи да имате правилно држење во секојдневието и ќе ве направи свесни за важноста од истото по скелетниот и рбетниот систем.
  • Фокусираното дишење допринесува за зголемена циркулација што пак значи поголем проток на кислород и нутриенти до секоја клетка во човековото тело. Докажано влијае врз зголемена потрошувачка на калории и забрзан метаболизам.
  • Кај постарите лица, пилатесот може да помогне во превенција на артритис, остеопороза и други заболувања на зглобовите и мускулите. Помага во намалување и неутрализирање на болките во телото кои прозлегуваат од недоволна еластичност и нефункционалност на мускулниот систем.

За крај, пилатесот е вежба која навистина ќе ви помогне да постигнете поголема телесна и умствена избалансираност. Запомнете дека придобивките од било кое тренирање се возможни единствено со правилно изведување на вежбите.

Погледнете некоја од овие пилатес вежби за трупот и испробајте ги во сопствена режија

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија