Придобивки од детската игра на отворено

Играта може да биде одлично средство во процесот на учењето или во стекнувањето нови знаења и вештини. Играта на отворено е форма на вежбање која промовира здрав психофизички развој на децата.

Децата природно се привлечени кон неа. Таа им овозможува да ја истражуваат нивната животна средина, ја развива нивната мускулната сила и координација, ја зголемува нивната флексибилност и моторните вештини и во исто време се здобиваат со самодоверба.

Возрасните честопати забораваат колку таа е важна за здравиот развој на децата. Преку добра игра децата учат како да живеат самите или заедно со другите луѓе и развиваат чувство за тоа како функционира светот. Играта им дава можност да доживеат успех или непријатно чувство на сигурен и заштитнички начин. Таа има чудесна моќ на излекување и го поттикнува развојoт кај децата. Токму затоа, детската игра треба секојдневно да се стимулира.

Неуролошкиот систем на децата е природно дизајниран да бара сензорни стимулуси за да се развијат во здрави и силни личности. На пример, доколку детето почне да скока по мали камења тоа е затоа што детскиот мозок е веќе спремен за таков вид на активност.

Децата имаат потреба да се качуваат, да трчаат, да талкаат низ шума, да собираат гранки, да скокаат во бари, па дури и да паднат во некои прилики, сето тоа придонесува да се развие здрав сензорен систем кој ќе е база за учење и достигнување животни цели.

Сензорната депривацијата, односно намалувањето на надворешните дразби на сетилата, им ја намалува можноста на децата да пораснат во отпорни и флексибилни личности. Ограниченото движење и ограниченото време за игри на отворено доведуваат до неразвиен вестибуларен систем, кој е одговорен за рамнотежа, односно имаат намалена свесност за своето тело и за просторoт околу себе. Наставниците се почесто забележуваат дека децата стануваат понесмасни од изминатите години, паѓаат од своите столици, се удират еден во друг, внесуваат повеќе неконтролирана сила во игрите на училиште.

Ние се грижиме за нашите деца и затоа сакаме да ги заштитиме. Но, колку повеќе ги зашитуваме толку понесигурни стануваат. Кога возрасните почнуваат да кажуваат не за секоја физичка активност на децата, тогаш започнуваат проблемите во детскиот развој.

Постојат голем број на активности на отворено кои имаат терапевтско дејство врз психофизичкиот развој на децата. Некои од нив се следниве:

Качување по дрво е активност за зајакнување на целото тело и за координација. Децата за да се качат на дрво потребно е да ги употребат своите вештини за решавање проблеми и снаоѓање во нови ситуации за да се осигураат во безбедноста на гранките. Исто така допирот со дрво нуди природно тактилно искуство.

Одење боси на нерамен терен им помага мускулите на зглобовите и на стапалата, а воедно го развива и рефлексот на стапалото кој превенира од одење на прсти. Движејки се боси низ природа децата стануваат свесни за средината околку себе.

Тркалање по рид помага да се обезбеди рамнотежа и длабок притисок на мускулите и лигментите подобрувајги го проприорецептивниот систем. Ова сетило е значајно бидејки им помага на децата да регулираат колку сила ќе употребат во некои игри како боење со боици без да ги скршат, штипкање на образ на бебе без многу голем притисок и слично.

Санкањето е одлична сензорна активност, особено ако се менуваат позициите на санката. На пример, ако децата одат надолу по ридот на нивните стомаци, одржување на главата и нозете во супермен позиција, ја подобрува рамнотежата и свесноста за телото со тек на времето.

Играта на отворено е природно и инзворедно сензорно искуство за децата. Но повремени екскурзии во природа не се доволни за развој на здрав сензорен систем исто како што и повремената физичка активност не доведува до видливи резултати.

Децата треба да се движат и да играат на отворени и природни површини често и континуирано чувствувајки ја подршката од возрасните.

 

Зорица Николова

(Автоката е дел од детската академија Бреинобреин Европа)

Текстот е објавен во уличното списание ЛицевЛице број. 21