Го сретнавме Килиан на Мон Блан

Да го сретнеш убедливо најдобриот планински тркач некаде на 4300 метри над морето, а под врвот Мон Блан – бесценето.

Минатата недела нашата екипа составена од 8 души направи успешно минување на масивот Мон Блан преку истиомената највисока точка од италијанска према француска страна. Во текот на симнувањето имавме чест да се сретнеме и фотографираме со најдобриот планински тркач на светот кој досега има постигнато сериозно ненадминливи резултати во доменот на трчањето, планинарењето и ски-алпинизмот – Килиан Жорнет. 

Килиан дента правеше висински тренинг искачувајќи го Мон Блан два пати во текот на 12 часа од две различни рути – класичната од кај Де Гуте и од онаа откаде ние качувавме – италијанската рута од домот Гонела. 

Вистинска чест беше да се ужива во прекрасниот ден кој беше збогатен со запознавање на едно уникатно атлетско име. 

п.с. – очекувајте повеќе за оваа авантура наредните денови преку видео и текст