Комерцијален текст

3Д ФИЛТРАЦИЈА – МАСЛО ОД ЛЕН

Лененото семе е далеку познато по неговите бројни лековити својства. Истото може да се употребува на различен начин и според тоа да придонесе за надминување на различни негативни здравствени импликации.

Од ленот, како лек се користат семките, како и маслото од семките, употребливо за повеќе од една намена. Лененото семе е богато со слуз и незаситени масти, па затоа е добар лек за оние кои имаат проблеми со варењето, цревната флора, а и со белите дробови.

Во случај да се консумира целосно, семето ја ублажува иритираноста на дигестивниот систем. Тоа исто така може да апсорбира течности и да набабри додека ги апсорбира во себе отровите, создавајќи во себе смеса во вид на желе, која дејствува како ефикасен лаксатив.

Доколку семето се преполови пред да се консумира, тоа обезбедува есенцијални масни киселини. Во помала мера семето е корисно и за уринарниот систем.

Надворешно, облогите од искршеното семе можат да помогнат за лекување хронична кашлица, бронхитис и емпизема. Облога од лененото семе или од лененото брашно може да се нанесе за да ги олесни болните чироеи по кожата.

Сепак, конзументите на ваквиот производ имаат доста негативни коментари за неговиот горчлив вкус. Како што е познато во практиката, потрошувачите најдрастично реагираат на вкусот на производите, со тоа што доколку не се задоволни со истиот се појавува одредена одбивност кон консумирањето на производот.

Без разлика на многубројните лековити својства на лененото семе, неговиот горчлив вкус претставува главна закана за намалување на заинтересираноста кај потрошувачите за негова консумација.

Истражувањето со години за тоа како да се отстранат горчливите состојки од лененото масло конечно се исплати. Сето тоа може да се реализира преку уникатна производствена техника наречена 3D филтрација, со којашто се елиминираат горчливите состојки од лененото масло на природен начин.

Ваквата филтрација ќе придонесе кон максимизација на задоволството кај потрошувачите при консумација на ваквиот производ. Земајќи ја во предвид специфичната структура на состојката, тоа се подложува на филтрација преку тридимензионалната матрица.

Како што е прикажано на самиот график, 3Д филтрацијата успешно ги отстранува сите горчливи состојки, а во исто време самиот процес овозможува маслото да го задржи својот природен вкус подолго време и тоа благодарение на трите есенцијални фактори кои влијаат и во продолжување на рокот на употреба на маслото а тоа се 3Д филтрација, полнење во природна без кислородна просторија и последниот фактор, се  пакува во специјално заштитени шишиња од светлина

Горчливоста која што е карактеристична за лененото масло е предизвикана од  одредена протеинска состојка позната како пептид. Оваа состојка поточно се формира од 8 амино киселини кои што се формираат заедно во круг и како резултат на тоа настанува цикличен пептид.

Една негативна карактеристика кај еден производ, иако корисен, може да ги засени сите негови позитивни карактеристики.

Главно, луѓето кои го обожаваат ленот, но не можат да го поднесат горчливиот вкус на лененото семе, пробуваат на најразличен начин да го прикријат горчливиот вкус со користење на житарици, јогурт и други додатоци. Но сепак, нивниот заклучок е дека и покрај сè, горчливоста неможе да се потисне.

За среќа на љубителите на ленот и лековитите состојки, новиот вид на преработка преку 3Д филтрација успешно ги отстранува сите горчливи состојки, без да ги отстрани лековитите и хранливи својства на ленот.

Токму ладно цеденото ленено семе со сите свои лековити состојки можете да го најдете во продавниците на Биокулт. Биокулт е прв сертифициран центар за Органска и Здрава храна со асортиман од над 2000 производи од реномирани европски органски производители и со неговиот обучен и услужлив персонал ви стои на располагање вам и на вашето здравје.

Избран за најдобар органски производ за 2016

На последниот избор за “најдобар органски производ на годината”,  се претставија  120 производи. Помеѓу нив беше и 100% француско масло од лен на БиоПланете, кој го привлече вниманието на жирито кое броеше  100 потрошувачи!

Изненадувачки, по својот изглед маслото од лен беше избрано и од страна на новинарите за едно од најдобрите новитети на годината. Благодарение на 3Д филтрацијата ова масло ја има отстрането горчливоста а задржано својата сладост.

БиоПланете со ова масло уште еднаш ја  докажа својата иновативност. Награден за својот квалитет и вкус, ова масло ги наследи своите претходно наградувани добитници од 2013 и тоа маслото од сусам и портокал, маслото од семки од тиква и маслото од кокос за 2014, француското маслиново масло и маслото од маслинки и лимон за 2015.

Автор

BIOkult

Скопје

Македонија