отсек природарење
Шазам за растенија – ти и билјарката
Почнувате се почесто да одите во природа и ви се допаѓа, крадете слободни денови за на планина, уживате во мирисите на околните билки, чаеви, цвеќиња, овошја и печурки, а поим немате кои се и што се. Ајде на кликање и пак ќе ве потсетиме да внимавате со печурките, тие најдобро локалецот ги разбира… Мајчината брзо ќе ја најдете и без оваа апликација.
Plant-net претставува мобилна апликација за идентификација на билки, цвеќиња т.е. за било која флора во одреден дел од планетава која работи на принцип сличен на Шазам за музика, поточно, фотографијата земена од вас се обработува од софтверот во апликацијата и ви дава повратна информација доколку распознавањето е успешно направено.
Изработена е од група на Французи и се состои од датабаза од околу 4100 растенија на ниво на Европа, а покрај мобилната апликација за Андроид и iOS постои и онлајнверзија има уште поголема датабаза за повеќе локации.
Па бујрум, сите заинтересирани љубители на природата кои можеби сакаат да научат нешто повеќе, можат слободно да се распрашаат кај локалниот водич или пријател кои знае нешто повеќе, но и паралелно може да истражат и сами…