Екологијата на европското фудбалско првенство 2016

Тековното ЕУРО 2016 во Франција е на добар пат да стане најеколошкото фудбалско првенство досега. Накратко даваме еден преглед на што е тоа што ќе го направи првенството така посебно и заслужно за титулата еко. 

Транспортот за време на европското првенство

Фановите, националните тимови, официјалните лица на УЕФА и персоналот кој работи на европското првенство сите патуваат, не само до Франција туку и низ Франција, помеѓу стадионите низ земјата. Транспортот на европското првенство има дури 75% од вкупното влијание кое се прави на животната средина додека трае европското првенство.

Фановите кои се многу повеќе од 2.5 милиони според билетите за натпреварите ќе го создадат најголемиот терет за природата. За да се намали ова влијание, Француската државна железничка компанија како официјален партнер на првенството ги има адаптирано своите патувачки линии и капацитетот за патници за што поголем број од фановите да го користат железничкиот транспорт при патувањата до градовите каде натпреварите се одржуваат.

Самите стадиони немаат паркинг места достапни за фановите. Ова е од една страна поради безбедносни причини но истот така со тоа го промовираат пешачењето, со сигнализирани пешачки и велосипедски рути кои ги поврзуваат градските центри, фан зоните, стадионите и зелезничките станици.

Секако има и автобуски посебни линии за пристигнување и заминување од стадионите. Додатно на се ова е и посебната мобилна апликација од УЕФА за споделување на транспортот за фановите кои сепак користат автомобил.

EURO 2016 Еко-калкулаторот

УЕФА за европското првенство има нешто посебно за фановите кои ќе доаѓаат на натпреварите – еко калкулатор со кој секој ќе може да провери колку емисии на јаглерод диоксид ќе се испуштат при нивното патување до натпреварите, како и преглед на сите можни начини на патување кои се најчисти. Секој ќе може своето загадување да го елиминира со откупување на својот удел преку главната интернационална организација за откупување и балансирање на емисиите на јаглеродниот диоксид, “Climate Friendly”.

УЕФА и персоналот кој работи на европското првенство се погрижиле за својот удел да биде што помал преку патувања со воз наместо авион кога тоа и да е возможно. За да се намали потребата од патувања, сите соби за состаноци се опременети со видеоконференциски решенија. За подалечните дистанци и моралните потреби каде патувањето со авион е најадекватно, сите емисии од патувањата ќе бидат одкупени преку “Climate Frendly” организацијата.

Но освен УЕФА и персоналот кој работи на европското првенство, сите 24 национални тимови се вклучени во акцијата да ги откупат своите CO2 емисии така што целокупната организација и тимовите ќе бидат “CO2 избалансирани”.

Енергијата и водата на европското првенство

10 стадиони во 10 различни француски градови се домаќини на европското првенство, и сите овие стадиони имаат автоматски системи за менаџмент на енергијата што ја користат. 7 од 10те стадиони имаат сопствени извори на чиста енергија како сонце, ветер и геотермална енергија. Дождовницата исто така се собира на повеќето стадиони и се користи за наводнување на теренот.

Еден пример е Бордо стадионот, домаќинот на 5 натпревари од европското првенство со капацитет од 42.000 седишта, кој има соларни панели на кровот за производство на струја кои се додаток на целокупните потреби од електрична енергија кои се снабдени од 100% чисти производства на електрична енергија.

Стадионот во Марсеј пак, има микро ветерни турбини и систем за третирање на отпадните води кој ја абсорбира и враќа топлината од водата за повторно користење на стадионот.

Како додаток на ова, стратегијата на УЕФА е да ја намали потрошувачката на енергија преку дефинирање на реалните потреби и дизајнирање на правилни активности.
На пример, дизел генераторите за (недај боже да не снема струја) ќе бидат со квалитетни филтри кои ги собираат штетните честички шри согорувањето, а целата електронска опрема низ стадионите и останатите објекти е оптимизирана за поефикасно користење електрична енергија.

Отпадот и изборот на производите и услугите

На мундијалот учествуваат 24 национални тимови што значи дека промовирањето на сoвесно ефикасно однесување освен во Франција ќе има влијание и во сите останати држави.

Преку мундијалот ќе се споделуваат добрите практики и пораки за рециклирање и правилниот менаџмент за отпадот, пораки и практики кои се наменети за фановите од сите држави учеснички и низ целиот свет.

Освен влијанието кон јавната свест за фрлањето отпад, менаџментот за отпад на европското првенство има цел да постигне 50% рециклирање и 0% од отпадот да биде фрлен на отпадни земијшта.

Чашите за фановите се реупотребливи (не се за една употреба па фрли), а сите останати производи ќе имаат минимални пакувања погодни за реупотреба на понатамошни настани или за донација после мундијалот.

Самите производи и услуги кои се нудат за време на европското првенство се одбрани со помош на еколошкиот прирачник направен од УЕФА со кој се овозможува избор на производи и услуги според еколошкото влијание од самите суровини до финалниот производ, што овозможува избор на производи и услуги со најмало влијание врз животната средина.