Промените во вашето тело додека тренирате

Независно дали сте решиле да се размрдате, да намалите вишок килограми или професионално се занимавате со спорт, кај сите оние кои за започнале да да практикуваат било каква физична активност се случуваат промени во нивниот организам. На сите ни е јасно дека физичката активност е клучот за долг, здрав и продуктивен живот.

Што се случува со мускулите?

За да си набави енергијата потребна за контракција на мускулите, телото се потпира на гликозата – шеќер, која се складира одделно од храната што ја јадеме, во форма на гликоген. Во употреба влегува исто и аденозин трифосфат (или АТП), но организмот има мали количини и од него, и од гликозата. По брзото исцрпување на „залихите” доаѓа до потреба од повеќе кислород, за да биде можно производство на дополнително количество АТП, а за набавката на повеќе кислород, оптоварување мускули треба да се наполнат со повеќе крв.

Како резултат на анаеробниот метаболизмот на гликогенот, се формира млечна киселина, која почнува да се акумулира, поради намалените нивоа на кислород. Проблемот е што кога нашето тело ја  произведува оваа киселина, таа се дели на лактатен и водороден јон. Токму водородниот јон нè тера да чувствуваме она прободување, согорување во мускулите на крајот на поинтензивна серија вежби. Истиот овој јон ја спречува нервната спроводливост, ги забавува енергетските реакции и ја слабее мускулната концентрација што многу често е резултат за  завршување на вежбањето. Млечната киселина обично се вади од телото за 30 до 60 минути. Како последица на тоа во мускулите се формираат мали пукнатини, чие заздравување им помага да растат во  големи и силни мускули. Мускулната треска значи само дека се случуваат посакуваните промени во вашето тело.

Што се случува со белите дробови ?

Додека тренираме потребата од кислород се зголемува до 15 пати и затоа почнуваме да дишеме потешко и побрзо. Фреквенцијата на дишењето ќе се зголеми до степен каде што мускулите околу дробовите едноставно нема да можат да се движат побрзо. Така се постигнува максималниот кислороден капацитет (VO2 max). Колку е повисока неговата вредност, толку повеќе сме „фит”.

Што  се случва со дијафрагмата?

Некои тврдат дека заморување на дијафрагмата може да доведе до грчеви кои предизвикуваат акутни несакани болки (како кратки , многу непријатни внатрешни  прободувања). Други пак тврдат дека  овие „прободувања” се предизвикани од грчеви на лигаментите околу дијафрагмата. Има и трето тврдење – дека доаѓаат од нервите кои се наоѓаат од горниот дел на грбот до стомачната област, и се предизвикани од лошото држење на телото. Дали е така или не – не знаеме, но во секој случај сме должни да се грижиме за позицијата на телото! Длабокото дишење и истегнување може да ја олесни непријатноста што се појавува во средината на вежбањето, или пак како превенција на  зајакнување на мускулатурата може да нè спаси од идните проблеми.

Што се случува со срцето?

За време на поинтензивно движење пулсот се зголемува за да се олесни циркулацијата на кислород. Колку почесто вежбате толку срцето подобро се справува со  поинтензивните  и долготрајни тренинзи. Кај луѓето во добра форма пулсот при состојба на мирување се нормализира. И ако сакате да знаете, тренинзите го  стимулираат растот на нови крвни садови, што пак, го нормализира крвниот притисок.

Што се случува со стомакот и цревата?

За да пумпа тело повеќе крв во зоните во кои е потребна во текот на физичкото оптоварување (пример – мускулите и белите дробови) тогаш треба да лиши од неа други системи и процеси кои не се врвен приоритет во конкретниот момент. Симпатичниот дел на автономниот нервен систем се активира и потиснува секрецијата во стомакот – варењето запира, а крвта циркулира каде е потребна. Тоа може да доведе до стомачни проблеми заради попречување на апсорпција на храната. Особено ако вежбате веднаш после јадење.

Автор: Благој Ристовски

CentralGym&Fitness