Сармички од блитва

Додека да го дочекаме лозовиот лист…

 
  • Листови блитва
  • 100 грама ориз
  • мешавина од смрзнат зеленчук
  • 1 главица кромид
  • сол бибер и масло за готвење
  • 1 јајце
  • 1/2 чаша јогурт
 

1. Кромидот се сецка ситно и се пропржува на загреано масло за готвење, се додава мешавината од зеленчук и оризот кој претходно сте го свариле.

2. Листовите блитва кратко се бланшираат за да омекнат и се виткаат сармички со смесата од ориз и зеленчук.

3. Во тенџере се редат сармите, се додава малку вода и се пече 20 минути на 200 степени.

4. Пред крај се прави прелив од едно јајце и половина чаша јогурт, се прелива преку сармичките и се допекуваат уште 10 минути.

Автор

Dusan Jovanovski

Скопје

Македонија