комерцијален текст

ЛАДЕЊЕ ПОСЛЕ ТРЕНИНГ

Болките во мускулите, зглобовите т.е. тетивите и лигаментите се најчестата сензација која се доживува после напорен тренинг или натпревар. Повторувачките стресни сосојби кај долгите и интензивни тренинзи се најчестат причина за оваа нормална компликација, a одморот и ладењето после ваквите активности се најдобриот лек за опоравување.

Болката во мускулите, односно така нареченото воспаление на мускулите се манифестира со болка, затегнатост и крутос на една или повеке мускулни регии. Всушност тоа е и нормална појава после поголем напор. Наталожената млечна киселина како нуспроизвод на мускулниот метаболизам е причина за сите нелагодности и заедно со физичкото оштетување т.е. раскинување на мускулните влакна (на микро ниво) ја нарушуваат функционалната рамнотежа на мускулот или групата на мускули која била најангажирана.

 

Тетивите се завршетоци на мускулите со кои се врзуваат на скелетот, а лигаментите пак ги поврзуваат коскените елементи во зглобови. Заморот на тетивите и лигаментите е секогаш со поназначени симптоми и поинтензивни болки. Физиолошките карактеристики на лигаментите и тетивите се причина за потешка елиминицаија на крајните нус производи на метаболизмот и токму затоа овие делови потешко се опоравуваат.

Одморот е генерално најдобриот физиолошки ЛЕК. Меѓутоа, ладењето или крио терапијата е исто така добро позната метода за намалување на симптомите на заморот и добар мускуло-скелетен опоравок.

Мелемите за ладење на природна основа како Алгасан Интензивниот Гел се одлична опција за мускулно скелетна рекуперација.Тие ја зголемуваат дренажата т.е. елиминацијата на млечната киселина, делуваат аналгетски и релаксирачки. Арома терапијата која ќе ја доживеете при нанесувањето на овие мелеми е само гратис уживање.

Едно е сигурно – дека интензивен, но добро организиран тренинг нема да ги отепа вашите мускули, но уреден третман после напор ќе ги зајакне и припреми за други предизвици.Широко применувана и ефикасна метода е ладење со мраз, а потоа со нанесување на Алгасан Интензивниот Гел, третманот ефикасно се продолжува. Навиките за ваков тип на третман после тренинзи и натпревари е култура на спортско живеење.

„ОНА ШТО НЕМА ДА НЕ ОТЕПА, ТОА ЌЕ НЕ НАПРАВИ ПОСИЛНИ” – Фридрх НИЧЕ