Нашето брауни

Интензивен, брз колач за љубителите на темно чоколадо…
- 300гр чоколадо за готвење
- 200гр какао
- 200гр омекнат путер
- 5 јајца
- 300гр стевиа
- 100гр оризово брашно
- 1 пакетче ванилин шеќер или екстракт
- грст ореви
- прстофат сол
- кокос за наросување
- малку путер за подмачкување
Подготовка
1 На пониска температура во соодветен сад се топи путерот, а потоа се додаваат чоколадите, па какаото. Се меша додека не стане кремаста смеса, а потоа се трга од оган.
2 Во длабок сад се ставаат јајцата, убаво се матат, а потоа им се додава стевиата и убаво се меша.
3 Кај јајцата се додава чоколадната смеса и полека се мешаат додека не се соединат.
4 Потоа се додава полека брашното, солта и ванилата. Се меша целата смеса.
5 Смесата се истура во (намастена со путер) тава за печење колач и одозгора се наросува со оревите.
6 Се пече во рерна на 175 степени околу 25 минути.
7 Вади да се олади и наросува со кокос.