Патување до Питон де Неж (3071 м.н.в)

Сè уште активен вулкан со неверојатен поглед насекаде околу нас надополнет со прекрасно зајдисонце над облаците. За да се качиме на највисоката точка на островот Реунион и Индискиот Океан ни требаа 2 дена.

Првиот ден стигнавме во планинарскиот дом на 2 600 м. надморска височина каде следуваше ручек и одмор. Во текот на вечерта се релаксиравме и уживавме во набљудување на ѕвездите и Млечниот пат со мислата дека сме на јужната хемисфера на Земјата, повеќе од 9000 километри од нашите родни места.

Тргнавме рано изутрина за да го пречекаме изгрејсонцето на врвот Питон де Неж [Piton des Nieges] на 3071м.

Конечно! 8 часа искачувања, болка, замор… но изгрејсонцето и погледот од врвот беше восхитувачки! Едно од најдобрите искуства во мојот живот. Погледот кон сонцето како доаѓа од некаде далеку на хоризонтот навистина прави да се чувствувате како да сте на врвот на светот. Од моментот кога ја видов првата сончева светлина, сфатив зошто луѓето се искачуваат на највисоките планини, дури и кога ги ставаат своите сопствени животи во ризик.