Скијање, шопинг и уживање

Бормио, Ливињо, Сент Мориц 2016

Февруари е месец во кој секогаш има дарежливи понуди во европските ски центри.

Комбинирањето на спа и ски во еден билет во Бормио и двата помали ски центри околу него, бесцаринската зона Ливињо и валидноста на 50% попуст на ски пас во Сент Мориц со оној од Бормио прави овој дел од италијанските и швајцарски Алпи да бидат примамливи за квалитетно скијање, шопинг и апре ски.

1500км од Скопје со 3 квалитетни аутлет центри и преспивање во Венеција го прават патот поднослив. Профи писти, совршено ноќно, прекрасна храна и гратчиња кои живеат 365 дена во годината во кои е задржан вистинскиот дух на зимската радост без оние типични сцени на индустриски туризам на кои за жал потсвесно се навикнуваме во нашето опкружување.