Кога натпреварувањето е здраво за вашето дете?

Дали натпреварувањето е добро? Да се натпреварува или не? Дали натпреварувањето е добро за децата? Дали е неопходно во подготовката за нивните животи како возрасни индивидуи? Ова се дел од прашањата кои произлегуваат кога секој родител размислува на темата натпреварување.

Американскиот автор Alfie Kohn е гласен противник на натпреварувањето велејќи дека не може секое дете да е победник во натпревар. Ако едно победи друго неможе, тоа укажува на фактот дека едно дете ќе ги гледа другите како пречки за остварување на својот успех, но образовните професори Thomas Good and Jere Brophy тврдат дека децата може да научат вредни животни лекции во средина која промовира натпреварување, како ангажман, мајсторство на задачата и желба за достигнување на најдоброто од себе, додека во исто време поттикнува критичко размислување, тимска работа и третман кон противниците со достоинство и почит.

Натпреварувањето не е лошо или добро, едноставно е: натпреварување. Како ние размислуваме и се справуваме со него е тоа што го прави меч со две острици. Натпреварувањето е здраво кога овозможува фидбек на децата за нивните способности и достигнувања, кога победата не е примарен објект и кога децата можат да се осознаат себеси во предизвикувачки ситуации. Под овие околности натпреварувањето може да ги научи децата на многу вредни лекции кои тие не ги учат во секојдневната настава во училница.

За жал мотото “победа по секоја цена” кое ментално се асоцира со натпреварувањето креира негативни и токсични околности за децата при што се намалува детската мотивација и води кон бегство од натпреварувачки ситуации во кои во нормални услови би уживале.

Како што на кучето му е природно да мавта со опашката така и на децата им е природна љубовта кон натпреварувањето. Tovah Klein, автор на книгата “How Toddlers Thrive” , вели дека потребата за натпреварување кај децата се развива на возраста помегу 4 и 5 години, кога децата започнуваат да категоризираат и да споредуваат.

Доколку набљудувате група деца кои си играат во природа ќе забележите дека детската игра е преполна со натпревар, трчање, фрлање камења во вода, рибарење, пливање итн. Едноставно се е натпревар, а децата имаат природна тенденција кон него и ќе се соочат со него во некоја фаза од својот развој. Соодветното охрабрување за здрав натпревар вклучува, фокус на приоритети, уживање и забава и избегнување на фокус од победа, родителската љубов да не е условена од нивниот успех и учење од сопствениот неуспех.

Натпреварувањето со својот модел на победници-губитници, им ја изложува на децата едноставната вистина, дека не може секогаш да се победува. Во исто време ги учи децата за превземањето ризици. Многу е полесно детето да ги усвои овие животни лекции кога влогот е помал, на пример спортски или математички натпревар, отколку да се промени кај возрасен долгогодишна навика на одбегнување ризици и страв од неуспех.

Michael Jordan во неговата реклама за брендот Nike вели: ‘Доживеав неуспех многу, многу пати во својот живот, токму затоа успеав!’ Натпреварувањето го научило на упорност, истрајност, отпорност и флексибилност. Одземјаки им ја на децата можноста за стекнување на придобивки од натпреварувањето им ја одземаме можноста за успех во животот.

Зорица Николова
Детска академија “Браинобраин Европа”