До каде се Швајцарците со новитети во планинска безбедност

Кога ќе видиш дека во Швајцарија се користат радарски системи кои работат на сличен принцип како и полицајските радари за брзо возење, ама овде ги користат за детектирање на лавини, јасно ти е дека се далеко и ако одеш пеш, ама и во секоја друга смисла. 

Покрај стандардните тимови кои во зимскиот период непрекинато работат на „прочистување” на лавинско-опасните терени со помош на експлозив, во Цермат оваа сезона се постави нов систем за за детектирање на лавини од подрачје кое е директно над патот за ова швајцарско гратче.

Се работи за радарски систем кој е поставен на спротивната страна на планината а во опсег фаќа подрачје од планината (долго околу 2,5 километри) кое се наоѓа точно над патот за Цермат и истото е со доволна стрмнина т.е. наклон за да биде лавински опасно. На овој дел од планината досега се имаат и случувано откачување на големи лавински маси.

Новиот радарски систем (кој моментално е единствен во свет) работи на принцип на мерење на брзината на масата на лавината, а серијата на поставени сензори овозможуваат брзо и автоматско затворање на делници од патот кои се наоѓаат во подножјето во со цел да се спречи некаква несреќа. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија