„Супер храна“ која не треба да ја заборавиме

И покрај тоа што живеам во земјата (Кина) на „супер храна”, во која може да се вбројат различни корења, треви, „чудни” овошки и се разбира храната без која не се може, печурките, како составен дел од мојата исхрана се неколку состојки за чии бенефити често знаеме да заборавиме…

Со појавата на нови „подобри” или „супериорни” растенија или овошки како што се гоџи бобинките, разни екстракти од печурки или растенија кои можат да се најдам само на 3000 метри надморска височина заборавивме колку бенефит можеме да имаме од некоја храна што ја има во изобилство на нашите простори.

Ова се неколку работи кои се неизоставен дел од мојата исхрана и кои се консумираат секојдневно.

ЛУК

Дел од секоја салата без разлика дали станува за краставички, пиперки, тиквички, модар патлиџан, брокула или некој друг зеленчук.

Покрај „пријатниот” здив, ова се другите бенефити на лукот:

  • Ја подобрува еластичноста на артериите кај постарите луѓе, намалувајки ги шансите за појава за хипертензија;
  • Консумирањето на лук се поврзува со намален ризик од појава на канцер на гастроинтестиналниот тракт;
  • При маринирање на црвеното месо ги намалува канцерогените карактеристики при негова термичка обработка;
  • Ја намалу оксидацијата на LDL, „лошиот” холестерол;

 

КРОМИД

Шопска не е шопска без кромид, а десетка со кромид е добитната комбинација. Покрај тоа:

  • Кромидот изобилува со флавоноиди (состојки кои можат да се најдат во голем број на растенија, зеленчук, чаеви и овошки, а кои дејствуваат во интеракција со други состојки овозможувајки намалување на одредени инфламаторни процеси или подобрување на севкупното здравје) кои се поврзани со намален ризик од канцер на панкреасот;
  • Концентрацијата на флавоноиди се зголемува при изложување на кромидот на воздух. Затоа исечете го кромидот на пола и оставете го да отстои 10 минути пред да го консумирате или употребите во готвење. Овие флавоноиди се резистентни на топлина (при пржење нивната концентрација се намалува за околу 30 %, а при печење не настанува никаква промена);
  • Доколку сакате да го зголемите нивото на тестостерон, сокот од кромит може да биде составен дел од третманот;
  • Истражувањата покажале дека конзумирањето на 100 грама кромид дневно помогнало во намалување на мастите кај жените кои имаат проблеми со гојазност;

 

ЃУМБИР

Ова е мојот омилен пијалок за намалување на болки во грлото. После долга недела помината со деца и постојано зборење и понекогаш се разбира зголемување на тонот, викендот е период за „рехабилитација” на грлото. Покрај ова ѓумбирот помага во:

  • Намалување на било какви стомачни проблеми, лошење или чувство на нелагодност.
  • Ги намалува биомаркерите за канцер на тенкото црево кај луѓето со зголемен ризик;
  • Може да ги намали болките предизвикани од остеоартритис;
  • Ја подобрува когнитивната функција;
  • Го зголемува нивото на HDL истовремено намалувајки го нивото на LDL

 

 

ЦРН ПИПЕР

Морам да признаам дека никогаш не сум бил голем љубител на црн пипер. Порано црниот пипер беше присутен само со случај на настинка при конзумирање на пилешка супа по иницијатива на мајка ми . Мислам дека на сите ви е познат овој волшебен рецепт. Денеска, верувале или не, црниот пипер го комбинирам скоро со секое јадење, а еве и зошто:

  • Главна состојка на црниот пипер е пиперионот кој ја зголемува биорасположивоста на одредени состојки од разни растенија како што е на пример куркумата која е дел од турмерикот (доколку сакате да имате здрав дигестивен стракт потрудете се да внесете турмерик во вашата исхрана);
  • Пиперинот го намалува нивото на оксидација на мастите;
  • Пи перинот ги подобрува антиоксидативните процеси;

Затоа, пред да одите во продавница за здрава храна во потрага по нов производ, растение или маѓичен екстракт отворете го фрижидерот или делот за зачини и видете дали ја имате споменатата „супер” храна.