Чај од камилица и ѓумбир

Превенција од настинки во течна форма…

 
  • 350 мл врела вода
  • 1 лажица рендан ѓумбир
  • 1 кесичка чај од камилица
  • 1 лажица мед
  • 2 лажици сок од лимон
 

1. Со врела вода се посипува кесичката со чај од камилица и ренданиот ѓумбир.

2. Се остава да отстои 7 минути, па се прецедува, потоа се додаваат медот и лимонот.

Одлична превентивна мерка против настинки и топ пијалок за спортска рекуперација…