Колективниот предизвик за 2016 година

Возбудливо и инспиративно е да имаш големи предизвици пред себе на почетокот на новата година кои едвај да чекаш да ги победиш. Оваа година крие нешто посебно за сите јунаци… 

ВИДЕО

Колективно, изминатата година беше уникат. Покрај вообичаените бучави што се случуваа во нашето ни општеството а и пошироко, се случи и нешто многу позитивно и уникатно.

Минатата година се поставија глобалните цели за достигнување на човештвото во наредните 15 години. Човештвото како една колективна фамилија има 17 цели кои треба да ги исполни до 2030та.

За прв пат во историјата имаме за цел да ја искорениме гладта и екстремната сиромаштија! Замисли, за 15 години во светот не треба да постои човек кој живее во екстремно сиромашни услови и не треба да постои човек кој гладува. И тоа се само првите две глобални цели. 

Затоа имаме посебен предизвик за сите читатели во оваа 2016та година: 

Предизвикот е да го активираш глобалниот граѓанин во себе кој е свесен за колективните цели на човештвото и активно се бори за многу подобар свет и за подобро општество од кое сме дел. 

  • Истражи ги детално сите 17 глобални цели, што е нивното значење и како би изгледало општество со веќе постигнати вакви цели.
  • Процени ја сегашната состојба во нашето општество и нашиот балкански регион. 
  • Пронајди барем една цел на која ќе се посветиш темелно и биди борец за целта.
  • Биди глобален граѓанин кој ги разбира и практикува глобалните цели. 
Подолу се приложени сите 17 глобални цели, повеќе и подетално можете да истражувате почнувајќи од официјалната веб страна GLOBALGOALS.ORG