За националниот протест за чист воздух

Има еден специфичен период во развојот на едно општество кога луѓето се свесни за загаденоста во својата животна средина и јасно кажуваат – “загадено е и тоа воопшто не ни се допаѓа!  Тоа е почетокот на еволуцијата во еколошко општество.

Се слуша насекаде и постојано – загадувањето е се поалармантно, здравјето ни е загрозено, мора да се превземе нешто… загадувањето на животната средина стана секојдневна тема на разговор…

Како за крај на 2015та во понеделникот се одржа и националниот протест за чист воздух пред владата на Република Македонија.

20тина граѓански здруженија се здружија по повеќегодишно алармирање и протестирање за загадениот воздух во македонските градови, на национален протест. Се испрати директна порака до владата и државните институции да превземат итни мерки и активности за намалување на загадувањето до здравствено безбедни граници.

Државните институции добија ултиматум да преземат итни мерки за загадувањето до 15ти јануари или ќе бидат блокирани влезовите на најзагадените градови. Препораки и повторувања на истите препораки воопшто не соодвестуваат на алармантната состојба со загадениот воздух во градовите ширум Македонија.

Мора да се каже дека ниедно општество нема само да го исчисти воздухот без подршка од сопствената влада, и ниедна влада нема сама да го исчисти воздухот без подршка од сопственото општество.

Проблемот не засега и обединува сите, и не дозволува понатамошно губење време и не преземање активности од било кои сегменти во државата. Тие што забушаваат мора да бидат разбудени да си ја вршат својата работа и повеќе од тоа.

Ви приложуваме мало репете од досегашните објави за загадениот воздух на karas4training, убаво е да се потcетиме и со свежи сили да го победиме загадувањето во наредната година. 

Сезоната на зимскиот воздух започна
(5те супер моќи на обичниот граѓанин да го прати загадувањето во историја)

Природната воздушна покривка што го гуши Скопје
(што се случува зимно време во котлините и како воздухот станува загаден каде има пренаселеност и премногу индустрија)

Градот што работи за да има почист воздух
(изострување на сетилата за препознавање на активностите кои доведуваат до почист воздух)

Вака градот мој да биде

(визија и перспектива за еколошки градови)


 А револуција со велосипедски патеки низ Македонија?

(можностите за велосипедска инфраструктура низ сите населени места во Македонија)

Колку ќе ќариме ако повеќе вртиме?
(што би се случило во иднина ако сите ние почнеме да возиме повеќе велосипед)

Урбана револуција Vol.1
(Човекот беше бавен, па го измисли тркалото. Човекот беше загадувач, па го измисли копенхагенското тркало…)

Студентска одржливост
(Судентите ќе го раздвижат општеството кон еколошки чиста иднина кога би имале веќе стекнато искуство во одржливо живеење)

Правење чист воздух во загаден град
(сторија за најзагадениот град во светот и чистиот воздух на еден добар бизнисмен од градот)

Затопли куќа затопли стан
(намалување на загадувањето на воздухот од домаќинствата и зголемување на квалитетот на живеење на граѓаните)

Запали ја зимската свест
(личната зимска свест и разбирањето на природните закони во зимските месеци)

Големо браво за Хабитат Македонија
(обновувањето на постарите згради во Македонија, поголема ефикасност, помали сметки за греење и помалку загадување на воздухот)

Елегии за чист воздух спортски човеку
(Загадениот воздух и размислувањата на еден спортски ветеран во одржливиот развој на спортот)

Да или не за вежбањето на загаден воздух
(безбедно ли е да се вежба кога воздухот е загаден)

Како да се заштитите од смогот додека сте активни
(адаптирање на вежбањето во услови на загаден воздух)