Четвртиот Кросфит зимски предизвик згреа многу срца

CrossFit Skopje, четврта зима по ред ја одбележува предновогодишната еуфорија со натпревар.

Оваа година, малку поинаква од претходните. Oва е втора година по ред на 4th Annual CFSK Winter Challenge, каде организиравме тимско натпреварување, каде што имаше две категории: Спортска (достапна за сите) и Елитна (за оние кои вежбаат КросФит).

Вежбите во Елитната категорија се изведуваа како што се пропишани, додека во Спортската категорија вежбите беа направени со цел да може секој кој барем малку е редовен во вежбањето. Натпреварувачите не ги знаат вежбите се до 48 часа пред натпреварот.

Ова е направено си цел за да се покаже вистиснката физичка подготвеност. Треба да бидеме спремни за секој можен предизвик. Натпреварот почнува со квалификациони вежби, каде се прави ранг листата. Потоа најдобрите 3 тимови се натпреваруваат во финалето.

Во Спортската категоријата се натпреваруваа 9 тимови, а во RX 6 тима. Земаа учество и 5 тимови од Ниш. Како што се одвиваше натпреварот, адреналинот се повеќе и повеќе растеше. Иако натпреварувачите беа исцрпени, публиката ги мотивираше да продолжат до крај. Вежбите беа интересни, но прилично напорни. Прво место во Спортската категорија се Drama Team од КросФит Скопје, додека прво место во Елитна категорија се Nagomy Alfa – Нагоми Фитнес.

Целта пред се беше да се направи забавна атмосфера за дружење и воедно да се измери физичка подготвеност.

Котизацијата што ја уплатуваа учесниците на 4th Annual CFSK Winter Challenge, ја дониравме за Сања Кухар. Таа треба итно да се оперира во Германија. Бевме хумани, овој пат за Сања.