Што да имате при рака за едноставен и ефективен тренинг

Секојдневно да одвоите дел од вашето слободно и драгоцено време и во кратка временска рамка да направите ефикасен тренинг за своето тело не е лесна задача. Секогаш се ”бориме” со прашањето што, колку и каде. Варијантата да направите краток тренинг и истегнување во домашни услови секогаш ви е опција при рака.

Еве и неколку предлози за реквизити кој се лесни, евтини, мобилни и ефикасни како додаток во вежбањето.

Пилатес прстенот е одлично тренинг помагало кое ефикасно ќе ви помогне во тренингот во домашни услови, а можете да го употребите во најразлични комбинации. Се користи пред сè за силови вежби, рамнотежа и подобрување на флексибилноста.

Пилатес прстенот придонесува за лесна отпорност во пилатес вежбите и помага на цела група специфични мускули. Често се користи за одржување на тонусот на рамената и бутовите и зголемување на општата телесна сила.


Баланс дискот е ефективна справа за вежбање и стимулирање на рамнотежата, како и за и превентивните вежби од повреди, што е особено важно кај професионалците.

Во многу случаи се користи како справа за рехабилитациони вежби на повреди во глуждот, коленото или колкот. Застанете на кружната платформа и започнете со балансирање. Провоцирајќи го телото да остане во баланс вие активирате низа проприорецептори и рефлекси кој независно од вас активираат групи на мускули во ситуациони услови.

Прекрасна направа да ги зацврсти вашите колена и да ги затегне вашите мускули. Исто така можете да го користите за балансирање доколку седнете на него и со помош на трупот во згрчена положба да одржувате баланс.

Еластичните црева со различно ниво на отпор се особено одлични за вежби за рацете и рамената, нешто што е фокус на многумина. Докажани се како помагала за загревање пред партија баскет или тенис. Лесно можете да ги комбинирате за грбни вежби и вежби за подлактицата.